Monday, October 5, 2009

Baba (planina)











Баба Планина се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија, лоцирана на неколку километри западно од Битола. Често се нарекува и Пелистер, иако тоа е само името на нејзиниот највисок врв. Според површината која ја зафаќа (436км2) таа тринаесетта, а според височината на (Пелистер, 2.601 м) e трета планина во Република Македонија.
Баба се наоѓа меѓу Пелагонија на исток и Преспанската Котлина на запад. Таа, всушност, претставува хорст помеѓу овие две котлини, поточно помеѓу Битолското Поле на исток и Ресенското Поле и Преспанското Езеро на запад. Северната граница на Баба е превалецот Ѓавато, кој ја одвојува од планината Бигла, како и малата Цапарска Котлина.Северната На југ, планината продолжува во Грција се до превалецот Бигла, кој ја одвојува од Нередската Планина Вич лоцирана во Грција. Преку нејзиниот јужен дел, односно преку врвот 'Ржана , се протега западниот дел на македонско-грчката граница. Приближно 65% од планинскиот масив на Баба се наоѓаат на територијата на Република Македонија, додека 35% на територијата на Грција.Баба има правец на протегање од север кон југ, а исто така, се карактеризира со симетричен изглед, бидејќи планинското било е подеднакво оддалечено и од Преспанската Котлина и од Пелагонија.


На Баба Планина се наоѓа големото и малото езеро, Пелистерски очи.Големото Езеро се наоѓа на 2218 м н.в., со должина 233 м, широчина 162 м и длабочина 14.5 м. Малото Езеро се наоѓа на 2180 м н.в. и е со размери - 79 м должина, 68 м широчина и 2.6 м длабочина.

No comments:

Post a Comment